Министерот за внатрешни работи на Република Српска, Драган Лукач рече дека најголемата безбедносна закана во моментот е заканата од тероризам и дека повратниците од странските боишта претставуваат предизвик не само за Република Српска, туку и за Европа.
– Тешко е да се поверува дека тие што заминаа на боиштата од радикални верски убедувања се враќаат во БиХ со желба за мир и соживот. Затоа многу е важна борбата против тероризмот и соработката на агенциите за спроведување на законот, не само во БиХ, туку и на меѓународно ниво, рече Лукач.
Зборувајќи за мигрантската криза, тој повтори дека Босна и Херцеговина не е подготвена за какво било задржување на мигрантите и дека единствено што може да се направи во тој случај е мигрантите да поминат низ нејзина територија.
– Граѓаните на Република Српска, но и на Федерацијата на БиХ, веќе ги трпат последиците од мигрантската криза и секој ден гледаме дека никој не сака прифатни центри во близина на нивните населби, истакна Лукач.
Како што рече, она што го загрижува како министер е случаите на „скриени идентитети“, што бара сериозен пристап од сите институции за решавање на мигрантската криза во земјата.