Лукаку опција за Барселона и Баерн

од Vladimir Zorba

И покрај постојаните информации од Италија дека Ромелу Лукаку е блиску до враќање во Интер, Шпанија го испраќа во Ла Лига. Според „Мундо Депортиво“, белгискиот напаѓач е опција за Барселона доколку Каталонците не успеат да го привлечат Роберт Левандовски.

Лукаку сака да го напушти Челси по тешката сезона на „Стемфорд Бриџ“. Тој сака да се врати во Интер, откако веќе разговарал со „нероазурите“ и според италијанските медиуми се договорил за неговите лични услови.

Сепак, миланскиот гигант не се разбира со Челси, откако лондончани бараат сума, која Интер не може да си ја дозволи. Италијанците пак сакаат да го изнајмат.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Лукаку би можел да биде опција и за Баерн. Ова ќе се случи доколку Баварците не успеат да го привлечат Садио Мане од Ливерпул.

Слични содржини