Лукаревска: 80% од барањата на сметководителите се прифатени

од Vladimir Zorba

Сања Лукаревска, директорката на УЈП, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека 80% од барањата на сметководителите биле исполнети.

„Како докотрите и медицинскиот персонал се на првата борбена линија од здравствен апсект, јавно признание треба да оддадам дека смектоводнитлите се на првата борбена линија од економски апскет. Секогаш следиме во делот на аплицирањето поднесување на соодветни пријави дали е исполнета квотата, и колку работи недостасуваат да го запазат рокот. Имаме одлична соработка со Комората на сметководители, и тие се пожалија дека имаа доста болни и во изолација, и дека тешко можеа да постигнат. Сметам дека 80% од нивните барања се прифатени.“, вели Лукаревска.

Сметководителите бараат нов закон за вршење смедководствени работи, и да биде донесен на транспарентен начин. Тие уште на почетокот на пандемијата се понудиле на државните институции за „про боно“ помош при креирање на мерките, меѓутоа не биле повикани да учествуваат во нивното креирање, туку само за консултации и предлози, а не и во самата имплементација.

Тие остануваат на протести пред додека не им бидат исполнети барањата во целост.

Слични содржини