Лукаревска: Ако Договорот со „Бехтел и Енка“ беше историски криминал, зошто ВМРО-ДПМНЕ истиот го реализира?

од Nikola Popovski
544 прегледи

Се што зборуваа падна во вода, кажа пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска откако новата Влада најави дека нема да го раскине Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорите 8 и 10Д.

-Ако тоа било исторски криминал за кој обвинуваше ДПМНЕ  и според нив се работело нелегитимно, како тоа истиот Договор го реализираат? праша пратеничката, гостувајќи во емисијата „24 анализа“. Лукаревска додаде и тогашната опозиција обвинуваше дека Договорот е штетен, а се држеа и пресови и се крена голема прашина.

Лукаревска се осврна и на Преспанскиот договор, за кој рече дека благодарение на одлуките на СДСМ, денес Македонија е рамноправна членка на НАТО алијансата.

-Благодарение на тој Преспански договор, во Вашингтон е сегашниот премиер и Владата како дел од НАТО самитот. А целата  кампања на ДПМНЕ се движеше во делот на преговарачката рамка и Преспанскот договор и ветуваа на граѓаните дека ќе ги менуваат. Денеска велат дека Преспанскиот договор е нашата реалност. СДСМ носеше државнички одлуки и ова е потврда за исправноста на тие одлуки, рече пратеничката Лукаревска.

Дел од капиталните инфраструктурни проекти, автопатиштата и железничката пруга никако да се реализираат. Во ресорот транспорт дојде нов министер, со ново ветување дека коридорите ќе се изградат.

Според министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, Договорот со „Бехтел и Енка“ не би требало да е државна тајна, но сите нерегуларности ќе ги истражуваат институциите. А, она што преостанува е да се добијат што повеќе километри за да не пропаднат во вода 240 милини евра. Тој вчера порача дека раскинувањето би било недомаќинскин однос кон буџетот, бидејќи изведувачот може да тужи.

-Треба да се бориме за да добиеме што повеќе километри автопат, рече Николоски.

Слични содржини