Лукаревска: Четири години и долгови враќаме и градиме и услуги обезбедуваме, имаме план за развој

од Берта Китинска
318 прегледи

“Таква ни е среќата, секогаш почнуваме од почеток, како од темел да ја градиме државата, ама, можеме, зашто ја имаме најдобрата кадровска и програмска понуда. Така беше и овде во општина Битола, успеавме. Градиме и во градот и во населените места. Воведуваме стандарди во јавните услуги, за населени места без кал со изградена комунална инфраструктура, локални патишта, чиста вода за пиење, грижа за децата и за младите. За градови со хуман, зелен развој, за чиста, средена држава”, рече заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз на трибината во Битола.

“И не беше само еден фронт, на еден фронт лесно се победува, ама успеавме на сите. Од изолирана и заробена држава станавме земја членка на НАТО, од сеење на страв и магла, стигнавме да бидеме рангирани како најтранспарентни во регионот, oд ширење омраза кон соседите, сега имаме регионална соработка за пример, Балканот има ново лице. И се тоа за 4 години. Е, тоа се може само со многу работа, со искрена посветеност од корен да ги менуваш работите, зашто знаевме дека поинаку нема да можe”.

Имаме план за секоја општина, планот е направен со граѓаните и проектите ги реализираме заедно со граѓаните, рече Лукаревска.

“Граѓаните се нашиот најважниот партнер, на градоначалникот и на советниците, затоа работиме со граѓаните, за граѓаните, за подобра Битола, секогаш напред со Најдобрите. Направете го вистинскиот избор, гласајте за кандидатот за градоначалник на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата, Христо Кондовски и советничката листа предводена од доктор Александар Димовски. Гласајте за 12, за Најдоброто за Битола!”.

Слични содржини