Завчерашниот марш Еднакви и моќни во организација на Форумот на жени беше масовно посетен од каде беа испратени одлични пораки од сите говорници, со што уште еднаш покажавме дека за нас како партија родовата еднаквост е императив, истакна заменик претседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска во гостување на Телевизија Стар.
„Ние, СДСМ, сме први кои на дело покажавме дека може да има мажи и жени ко-носители на листите за пратеници. Родовата еднаквост е европска вредност а ние се стремиме да одиме кон Европа. Ние како партија имаме европска агенда и затоа ние мора да работиме интензивно, за да има што повеќе жени на позиции во сите политички партии да има лидерки но и да има шрто повеќе ѓени на позиции во Владат,а, на директорски позиции да покажеме дека заложбата 50-50 не може да ја сведеме само на декларации и акциски планови, туку тој концепт на 50-50 застапеност да биде во целост имплементиран“, порача Лукаревска.
Потпретседателката на СДСМ жалење што нема повеќе жени градоначалнички, но и тоа што има наплив на говор на омраза кон жените особено во Собранието.
„Мора да се бориме поинтензивно против говорот на омраза и лажните вести, затоа што жените се повеќе на мета на напади, на говор на омраза, голем број наши пратенички дур и во Собранието беа напаѓани со многу погрдни зборови и на тоа треба да му се стави крај“, заклучи Лукаревска.