Лукаревска: Дури и во криза не баравме изговори

од Vladimir Zorba

Со граѓаните на општина Бутел носителката на изборна листа во ИЕ2 Сања Лукаревска, разговараше за приоритетните комунални прашања, за поддршата на бизнис секторот, за можностите на младите.

-Дури и во криза не баравме изговори, градиме, ги поддржуваме бизнисите да ја преживеат здравствената криза и да ги зачуват работните места, парите ги враќаме кај граѓанитте. Посетив компанија која е корисник на правото за добивање на финансиски средства за исплата на плата за вработени. Финансиската поддршка за исплата на минимална плата им помага на компаниите во време на тешката глобална здравствено – економска криза да ги зачувува работните места.

За месец мај околу 21 илјади компании и 5 800 самостојни вршители на дејност се корисници на финансиката поддршка за исплата на плати. Заедно ги надминуваме економските последици од КОВИД-19. За тие на кои најмногу им се потребни, обезбедивме финансиска поддршка преку платежни картички, рече Лукаревска.

Покажавме, додаде таа, дека се грижиме за сите граѓаните, започнавме да градиме силна држава еднаква за сите.

-Младите се охрабрени од активните младински политики и од предложените мерки, со што ќе создадеме уште по поволен амбиент за нивно напредување. Ќе донесеме Закон за младинска гаранција со што ќе се институционализира оваа форма на поддршка на младите до вработување.Ќе формираме фонд за стипендирање на млади луѓе за потребите на занаетчиството. Во поранешното „Македонско село“ кое сега е сопственост на државата, ќе формираме „Старт-ап село“ („Start-Up Village. Ќе продолжиме и со решавање на комуналните прашања на граѓаните. Нашиот фокус го насочуваме кон изградба на нови 500 километри водовод и канализација, за што ќе обезбедиме 100 милиони евра за сите општини. Ќе изградиме 950 километри локални патишта, 777 социјални станбени единици, се обврзуваме дека ќе продолжиме напред со засилено темпо, со главен фокус на граѓаните, рече Лукаревска.

Слични содржини