Лукаревска ги наброи трите најголеми промашувања на Владата во овие 100 дена

од Nikola Popovski
293 прегледи

100 дена влада – 100 дена изговори. Изговори за она што се ветуваше во кампањата, а од друга страна ја гледаме реалната слика. Видовме многу лаги, горделиви поими и ветувања, а реалноста е поинаква. Проекти за кои немаме образложенија, се враќаме назад и намалување на она што беше предзнак на владеење на СДСМ во делот на зголемени плати, пензии итн, изјави пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска за досега направеното од страна на Владата во овие 100 дена откако дојдоа на функцијата.

Лукаревска ги истакна трите најголеми промашувања на владата на ВМРО-ДПМНЕ во овие три месеци.

-Слушнавме дека имаме зголемување на пензиите од 2500 денари, а целата кампања слушавме дека пензионерите ќе добијат линеарно зголемување од 5000 денари. Истовремено имаме дека Албанија не претрка на европскиот пат. Наместо соодветна дипломатија, видовме дека ќе останеме во бездна и во изолација. Трето промашување е големиот број на скандали на коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ и во делот на косовската граница која стана нивен приватен премин. Имавме прва интерпелација за Гаши, просечната плата се намали, унгарскиот заем помина преку ред…Од 28 мај од кога сме во Собрание, од повеќе од 80 предлог-закони, само 23 се во редовна постапка, а претходно бевме обвинувани дека сите клучни работи во државата ги носиме по основ на скратена постапка, рече пратеничката во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини