Лукаревска: Како потпретседателка на СДСМ ќе бидам гласот на жените

од Nikola Popovski
238 прегледи

„Како заменичка претседателка на СДСМ ќе бидам гласот на жените и во раководството и во сите сфери на општеството. Ќе направам што можам повеќе за жените да се поддржуваат една со друга, да не си бидат пречка на патот, туку мост една на друга“ кажа новата заменичка претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска во гостувањето на „24 анализа“.

Таа додаде дека СДСМ ќе продолжи да гради едно општество за сите, без разлика на националната, верската, сексуалната или која било друга припадност.

„Јас ќе бидам гласот за почитување на човековите права, гласот на секој поединец кој што има било каков проблем, гласот на секој граѓанин“ кажа Лукаревска.

Таа кажа дека ќе работи на продолжување на принципот 50% жени да се преслика и на локалните избори за да има што повеќе жени градоначалнички и носителки на советничките листи.

Слични содржини