За четири години направивме повеќедециниски скок, решивме прашања кои изгледаа нерешливи, зашто ни беше важна државата и просперитетот на граѓаните. Ни треба вашата поддршка за да продолжиме напред во реализацијата на многу започнати и нови проекти во општина Ѓорче Петров, рече заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз Сања Лукаревска од Ѓорче Петров, при посета на граѓани.
Според неа, нема поголема неправда за граѓаните, во центарот на Скопје да истурите 700 милиони евра за барок и стиропор, а да оставите градови и села без канализација, без вода, без асвалт, без градинки, со руинирани училишта, со неопремени здравствени установи.
-Со подршка на Владата во општина Ѓорче Петров се планира изградба на нова детска градинка со капацитет над 150 деца. Во план е уредување на речното корито и ќеј на реката Лепенец, изградба и проширување на водоводната мрежа, обновување на уличното осветлување, изградба на Младински центар, базен, спортска сала, реконструкција на 18 сервисни улици и на тротоари, нови детски игралишта, потенцира Лукаревска.