Лукаревска: После 39 години со заложби на централната и локалната власт, Неготино доби нова градинка

од Берта Китинска

„Неготино знае да направи разлика. Со заложба на Владата и на локалната власт, после 39 години конечно имаме нова градинка во Неготино, за повеќе од 160 дечиња да може да имаат беззгрижно детство“ кажа заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Неготино.

Таа додаде дека СДСМ гради едно општество за сите, во кое граѓанинот е секогаш на централно место.

„Постојано сме во еден отворен дијалог со различни целни групи, градиме доверба со сите, со младите подадовме рака и имаме одлични развојни младински политики со кои ќе овозможиме младите да развиваат сопствени бизниси и врз основа на тоа да ги задржиме да останат тука. И во Неготино и во целата држава“ рече Лукаревска.

Директорката на УЈП кажа дека градоначалникот на Неготино, Тони Делков е доказ дека знае успешно и умешно да го менаџира градот и да помогне на сите граѓани.

Лукаревска најави Делков како градоначалник значи среќни и задоволни граѓани, а централната власт ќе продолжи нижи успеси и да ги поддржува општините грижејќи се за младите, возрасните, унапредувајќи го спортот и градејќи партнерски однос со компаниите.

Слични содржини