Лукаревска: Следува кривична одговорност за сите кои ќе направат злоупотреба на средствата од пакетот мерки

Во пресрет на четвртиот пакет економски мерки, директорската на УЈП, Сања Лукаревска посочи какви ќе бидат критериумите за добивање на финансиска помош.

Така, фирмите кои ќе ја добијат финансиската помош за исплата на плати во висина од 14.500 до 21.776 денари, ќе треба истите да ги вратат на три рати, во случат фирмата да оствари соодветна добивка.

Поради проблемот со кој се соочија одредени вработени во рамки на првиот бран, овојпат Лукаревска посочи дека еден од критериумите за добивање на ваквата е помош е исплата на средствата од страна на работодавачите и тоа веднаш за тековниот месец.

За таа цел, како што посочи Лукаревска во утринското гостување на „Слободна ТВ“, засилени ќе бидат контролите од страна на Државниот пазарен инспекторат, а ќе се реагира и на пријавување од страна на самите вработени доколку се најдат во улога на „оштетени“.

Исто така, доколку се увиди злоупотреба на тие средства, Лукаревска додаде дека следува и кривична одговорност.

„Минатиот пат само што ги објавивме со податоци за злоупотребите, веднаш дел од компаниите ја исплатија платата. Тоа се 340 компании за кои има посебен предмет до ОЈО. И овој пат генералниот секретаријат на Владата целиот список ќе биде доследен до ОЈО“, истакна Лукаревска.

Од утре, односно од објавувањето на оправилникот во Службен весник, фирмите ќе можат да аплицираат за овој четврти по ред пакет економски мерки.

Слични содржини