Лукаревска за „30 прашања со“: Јадам сѐ ама полнети пиперки никако (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Најголема предрасуда за УЈП е дека „ние сме лошите“, вели директорката на Управата за Јавни Приходи, Сања Лукаревска, во најновото издание на „30 прашања со“.

Таа открива дека црвената е нејзина омилена боја, најмногу има плачено на филмот  The Notebook, верува во љубов на прв поглед, омилен пијалок ѝ е боза, а од храна јаде сѐ освен полнети пиперки.

„На пет години кога го гледав татко ми на телевизија во еден филм како го убиваат, па кога се врати дома здрав и жив, тогаш бев најсреќна во животот“, вели Лукаревска.

Песна на која директорката на УЈП секогаш игра е Don’t stop the dance од Брајан Фери, би сакала да глуми во Dirty Dancing, а како историска личност која би ја поканила на вечера доколку би имала можност ја наведе Евита Перон. Како омилен спомен од детството ги наведе сите убави дружби со нејзиниот дедо.

„Најтешко во мојата работа е постојано да се докажуваме дека навистина УЈП е партнер на сите“, додава таа.

Мерка на владата на која Лукаревска е најгорда е субвенционирањето на придонесите за повисоки плати, а како своја мерка со која најмногу се гордее таа го наведе „Мој ДДВ“ и претпополнетата годишна даночна пријава.

На прашањето какво е чувството да се изгуби од Коста Петров и Мила Царовска во натпревар по готвење, таа одговори дека е навистина мотивирачко ама ќе бара реванш.

Слични содржини