Лукаревска за ДДВ-то за угостителите: Ова е само почеток на реализација на програмата

од Nikola Popovski

На новинарско прашање што мисли за барањето на угостителите, од 1-ви јануари 2021 год, наместо трите стапки на данок на додадена вредност, да добиваат една единствена даночна стапка за целата индустрија, директорката на УЈП, Сања Лукаревска изјави дека УЈП и Владата се во постојан контакт за надминување на сите проблеми.

„Сега имаме 3 стапки, односно 5 отсто за подигање, земање на нарачка,  10 отсто за јадење во ресторан и кетеринг, а третата стапка се однесува на 18% продажба на алкохолни пијалоци, кое не е во рамки на другите. Ова е почеток на реализација на овој дел од програмата на Владата“, вели Лукаревска.

Од Независната угостителска комора посочуваат дека воведувањето на новата даночна стапка во угостителството нема сите угостители рамноправно да ја осетат. Бенефит сметаат дека ќе имаат главно рестораните, гостилниците, националните ресторани и сите оние кој работат со храна, но не и кафетериите, баровите, пивниците, ноќните клубови и дискотеките кои работат само со пијалоци. Исто така забележуваат дека ќе изостанат краткорочните и брзи позитивни ефекти, ниту пак битно ќе влијание во работењето или брзото заздравување на угостителската индустрија од пандемијата Ковид-19.

Слични содржини