Лукашенко до медиумите: Не ја напуштив Белорусија, жив сум

од Nikola Popovski
154 прегледи

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ги отфрли тврдењата на медиумите дека ја напуштил својата земја, велејќи дека тој е „тука и жив“.

„За почеток, јас сум жив, јас сум тука и не ја напуштив земјата, како што тврдат некои медиуми. Денес е 14 август, и се состанавме да разговараме за градежната индустрија“, изјавил Лукашенко на почетокот на средбата со белоруските градежници.

Претходно, некои медиуми изјавија дека Лукашенко наводно ја напуштил земјата и во моментов е во странство.

Протестите во Белорусија не стивнуваат од неделата, кога Александар Лукашенко повторно победи на претседателските избори. Досега едно лице е убиено, а голем број повредени при судирите на демонстрантите со полицијата.

Поради тоа, Лукашенко нареди да се испитаат сите апсења што се случија во последните денови.

Слични содржини