Лукашенко именуваше нов министер за економија: „Во никој случај немојте да ме лажете“

од Stefanija Kuzmanovska
277 прегледи

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко го назначи Јуриј Чеботар за нов министер за економија и му објаснил дека не е задоволен од работата на наведеното министерство.

„Би сакал да го видам министерството за економија како работи. Да бидам искрен, не го забележував тоа често во текот на претходната година. Не сум целосно задоволен од работата на министерството за економија. Ова незадоволство паѓа и на вас. Но, навистина се надевам дека ситуацијата ќе се промени“, рече Лукашенко.

Претседателот потсети дека следните избори во Белорусија треба да се одржат во 2025 година и дека затоа 2024 година ќе биде „тешка“ за министерството за економија.

„Не затоа што сегашниот претседател сака да продолжи да биде претседател. Треба уште еднаш да им докажеме на луѓето дека сме работеле чесно и искрено овие години – ако успееме да ги убедиме луѓето дека нема подобри од нас. Вашето министерство мора да игра важна улога овде“, додал Лукашенко.

Нарекувајќи ја 2024 година „специјална“, претседателот на Белорусија го предупреди новиот министер дека на шефот на државата мора секогаш да му ја кажува само вистината, пренесува „Спутник“.

„Без украсување. Порано или подоцна ќе забележам. Имам доволно влијание за тоа. Затоа, во никој случај немојте да ме лажете“, заклучил Лукашенко, истакнувајќи дека сите гранки на власта во земјата треба да зборуваат искрено и отворено.

Слични содржини