Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ѝнаредил на воената команда да примени жестоки мерки со цел да се одбрани територијалниот интегритет на земјата, пренесува агенцијата „Белта“.
Како што се наведува, Лукашенко им порачал на министерот за одбрана и на главниот командант на Западниот воен округ да ги преземат сите неопходни мерки за да го заштитат, пред сè, „западниот бисер на Белорусија“, со седиште во Гордна.
„Применете ги најстрогите можни мерки со цел да се одбрани територијалниот интегритет на нашата земја“, го цитира Белта белорускиот претседател.
Патем, Лукашенко ја издал оваа наредба за време на неговата посета на теренот за воена обука кај Гордна
Сè оди според сценарио на обоени револуции
Лукашенко исто така рекол дека сè во Белорусија се одвива според сценарио за спроведување „обоени револуции“ со учество на „надворешен фактор“.
„Оригиналноста и специфичноста на ситуацијата се сведува на фактот дека во сето ова е вклучен надворешен фактор. Како што можевме да претпоставиме, сè се случува според планот на обоени револуции со цел да се дестабилизира домашната политичка ситуација“, истакнал тој.
Претседателот на Белорусија додал дека овој надворешен фактор решил да се вклучи во играта затоа што „владата во Белорусија била стабилна“.