Белорускиот лидер Александар Лукашенко изјавил дека за време на неговата неодамнешна посета на Русија го прашал рускиот претседател Владимир Путин за „некои видови оружје“.
„Му реков – кога ќе дојдеш, ќе видиме што ни треба и каде навистина треба да ги зајакнеме работите во рамките на Сојузната држава. Нема од што да се плашиме, подготвени сме за тоа. Најновите настани покажуваат дека треба да бидеме посмели во заштитата на интересите и на Белорусија и на Русија. Така испаднаа работтие, ние останавме сами во тој поглед, но не сме најслаби“, рекол Лукашенко за време на состанокот со рускиот министер за одбрана во Минск.
Лукашенко го уверил рускиот министер Сергеј Шојгу дека Минск е во состојба да ја „држи ситуацијата под контрола“ не само во Белорусија, туку и на границата со Русија.
„Не треба да се сомневате во нашата сигурност во однос на одбраната на нашата заедничка татковина – од Брест до Владивосток. Неодамнешните настани нè насочуваат уште повеќе да се држиме заедно. Во никој случај, планот не успеаа да создаде раздор меѓу нас“, истакнла Лукашенко.
Путин и Лукашенко се сретнаа пред три дена во Сочи. Како што соопшти Кремљ, тие разговарале за билатералните односи, трговската и економската соработка, како и за енергетиката.