Лукашенко: Зад протестите во Белорусија стојат САД и „мала буржоазија“

од Nikola Popovski
157 прегледи

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, смета дека протестите во таа земја ги организирале САД.

САД, тврди тој, работат преку центри во Полска и Чешка, како и класата на „малата буржоазија“ што се појавила во Белорусија, изјавил новинарот на „Русија 1“ Евгениј Рожков.

Рожков, кој го интервјуирал Лукашенко, рекол дека претседателот на Белорусија бил запрашан кој е заинтересиран да го поддржи протестното движење и „од која страна очекувал и се уште очекува да се појават проблеми“.

Според него, Лукашенко „верува дека, пред сè, Американците стојат зад сè, дејствуваат преку центрите во Појска и Чешка“, но исто така верува дека има и внатрешни причини, пренесува ТАС С.

„Една од причините е фактот дека две нови генерации пораснаа во Белорусија, формирајќи класа на „мала буржоазија која сака моќ“, наведува Рожков, пренесувајќи ја изјавата на Лукашенко.

Слични содржини