Лукровски води во Карпош, Митески во Аеродром

Според првичните резултати на ДИК во вториот круг за градоначалници во две од четири скопски општини водат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, во Аеродром и Карпош.

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Според првичните резултати на ДИК во вториот круг за градоначалници во две од четири скопски општини водат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, во Аеродром и Карпош.

Во Општина Аеродром од обработени 67,23% од гласовите во вториот круг води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и актуелен градоначалник на општината Дејан Митески со освоени 12.492 гласови или 60,55% од вкупниот број на гласови.

Кандидатот на СДСМ и Коалицијата Александар Трајановски во вториот круг има 6.090 гласа или 29,52% од вкупниот број на гласови.

Во првиот круг Митески доби 16 257 гласа или 49,11 проценти од вкупниот број на излезени гласачи, а Трајановски 6 881 глас или 20,78 проценти.

Право на глас во Општина Аеродром имаат вкупно 68.772 избирачи, регистрирани во избирачкиот спсиок. Во вториот круг одѕивот е 44,62% или гласале 20.630 гласачи.

Во привиот круг излезноста беше 48,14 проценти или 33.106 гласачи.

Во Општина Карпош од обработени 67,78 проценти од гласовите води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Сотир Лукровски со 9.354 гласа или 47,94% од вкупниот број на гласови.

Актуелниот градоначалник и кандидат од Гром, на Коалицијата „Искуство за успех“ Стевчо Јакимовски има 8.260 гласови или 42,33 проценти од вкупниот број на гласови.

Во првиот круг Лукровски доби 10 284 гласа или 34,51 процент од гласовите, а Јакимовски 8 761 глас или 29,40 отсто од гласовите во првиот круг.

Право на глас во Општина Карпош имаат вкупно 56.856 избирачи, регистрирани во избирачкиот спсиок. Во втор круг излезноста е 50,63% или гласлае 19.512 гласачи.

Во привиот круг излезноста беше 52,42 проценти или 29.803 гласачи.