Шпанските власти денеска објавија дека заплениле 35 тони хашиш што бил шверцуван на луксузни јахти.

Шпанското Министерство за финансии објави дека хашишот бил пронајден кога агентите влегле во четири едрилици кои припаѓаат на наводниот ланец на шверц, пренесе АП.
Полицијата пронашла 30 тони хашиш на јахтите и уште пет тони претходно запленети на други места.
Шпанската полиција соопшти дека во акцијата спроведена од 24 до 28 септември, тие уапсиле девет Бугари и еден Русин и заплениле шест јахти во вредност од околу пет милиони евра.
Шпанија изјави дека за време на истрагата и помогнале Европол, Меѓународниот центар за поморска анализа и операции и властите на Велика Британија, Холандија, Бугарија, Грција и Италија.