Лунарна Нова година: Започна годината на стаорецот

од Elena Daskalova
590 прегледи

Милијарда луѓе низ светот започнаа да ја слават лунарната Нова година, позната уште и како кинеска Нова година, фестивал кој трае 15 дена и се одржува на повеќе места низ Азија.

Ниту опасноста од потенцијалното ширење на коронавирусот не ги спречи овие народи да се соберат во голем број на јавни површини, да си посакаат сè најдобро и да ја дочекаат годината на стаорецот, според кинескиот астролошки календар.

Оваа година се очекува во Кина и другите азиски земји каде се прославува да допатуваат 3 милијарди туристи, со оглед на популарноста на оваа прослава, а голем дел и од прекуокеанските земји.

Во Пекинг се откажани големите собири по повод кинеската Нова година, поради стравот од ширење на коронавирусот, но во другите делови од државата и континентот луѓето сепак прославуваат.

Слични содржини