Љупчо Палевски не даде изјава по распитот, но се огласи на фејсбук

од Vladimir Zorba
394 прегледи

Немам забелешка на постапката на СЈО, вели Љупчо Палевски, откако завчера по околу 20 часа поминати во полициска станица беше на распит и во Специјалното јавно обвинителство. Палевски сепак забележува на неговото задржување во полиција. Ова го наведува на својот статус на „Фејсбук“ откако замина од СЈО без да даде изјава за медиумите.

„Немам забелешка на постапката на СЈО освен задржувањето во полициска станица. Дадов изјава во предистражна постапка и толку. Додека трае постапката законот ми забранува за неа да коментирам и не битно“, наведува Палевски во својот статус на Фејсбук.

Палевски на „Фејсбук“ пишува и дека постапката пред СЈО е организирана и директно насочена против него, без конкретно да прецизира од кого, иако споменува вмешаност на луѓе блиски до СДСМ.

Адвокатот на Палевски во кус разговор исто така вели дека поради тајноста на постапката не може да коментира дали им биле приложени докази ниту пак во која насока се води предистражната постапка во СЈО.

Од обвинителството на Катица Јанева и молчат. Ниту од таму нека никаква информација за што Палевски беше приведен и даде исказ пред обвинителите.

Неофицијално името на Палевски се поврзува со корисникот „Никола тесла“ кој минатата година на каналот „Јутјуб“ објавуваше приватни прислушувани разговори од политичари и новинари. На разговорите се слушаа гласовите на новинарите Оливера Трајковска, Драган Павловиќ Латас, Ивона Талеска, политичари Али Ахмети, Муса Џафери, Ермира Мехмети и Мендух Тачи, но и на бизнисменот Јордан Камчев. Во насока на утврдување како овие разговори завршиле на „Јутјуб“ Катица Јанева отвори предистражна постапка./извор ТВ24

Слични содржини