Лурман: Многу е јасно дека оваа влада е многу посветена на приклучување кон ЕУ

од Берта Китинска
143 прегледи

„Многу е јасно дека оваа влада е многу посветена на приклучување кон ЕУ“, порача Ана Лурман, државен секретар на Германија, во ексклузивно интервју за ТВ21.

Таа вели дека видела многу јасна решителност на политичката волја на владата на Северна Македонија откако стапила на функција.

„И откако беше формирана владата, што фино се совпадна. Многу е јасно дека оваа влада е многу посветена на приклучување кон ЕУ. И, секако, кога се работи за антикорупциски реформи и судството, тоа е многу јасно. И тоа е многу важно за доброто на народот. Слушнав дека постојат анкети дека многу малку граѓани тука веруваат во судството и многу е јасно дека овие не се неопходни реформи само заради членство во ЕУ“, додава Лурман.

Слични содржини