„Лузна“ која беше видена на вратот на претседателот на Русија, Владимир Путин, дополнително ги зголеми шпекулациите дека тој можеби е болен од рак, пишуваат некои медиуми.
Лузната била забележана за време на викендот додека тој држел свеќа на полноќна богослужба во православната велигденска катедрала во Москва.
Британски „Мејл“ потсетува на тврдењата на независниот руски медиум „Проект“, кој пред една година изјави дека Путин боледува од рак на тироидната жлезда.
Лузната е јасно видлива на видеата и сликите кои ги објави Кремљ од Велигденската служба, но не е секогаш видлива.
Украинскиот Телеграм канал Unian отиде уште подалеку и ја опиша лузната како форма на буквата „Z“ – симбол што го користат силите на Путин.
Лузната беше забележана пред повеќе од две години кога рускиот медиум „Собеседник“ истакна јасна трага на неговиот врат.
И покрај тврдењата, нема докази дека Путин бил подложен на операција за отстранување на тироидната жлезда, која можеби вклучувала засек на предниот дел на вратот.
Кремљ негираше дека Путин има здравствени проблеми.