Во најновиот извештај на одделот за сајбер безбедност на американската корпорација Мајкрософт, се предупредува дека руски хакери подготвуваат нов бран сајбер напади врз Украина, насочени, меѓу другото, и на линиите за снабдување на Украина, соопштија денеска од седиштето на Мајкрософт.
Извештајот на истражувачкиот и аналитичкиот тим на одделот за сајбер безбедност на американскиот технолошки гигант предупредува на серија нови откритија за тоа како дејствувале руските хакери за време на конфликтот во Украина и што би можело да следи, пренесува Ројтерс.
„Од јануари 2023 година, Мајкрософт ги следи руските сајбер активности. Руските хакери се обидуваат да ги зголемат деструктивните и разузнавачките закани против Украина и нејзините цивилни и воени капацитети. Очигледно, во тек се подготовки (од група руски хакери) за нов деструктивен напад “, вели тој во извештајот.