Maж прво им се заканувал на соседите, па нападнал полицајци

од Берта Китинска
200 прегледи

„Во 20:00 часот во Крушево од полициски службеници од Полициската станица Крушево бил лишен од слобода Ќ.Д.(76) од Крушево поради тоа што, откако претходно упатувал закани кон негови соседи, физички нападнал полициски службеник кој извршувал службено дејствие. При лишувањето на К.Д. дошол Н.З.(51) од Крушево и ги попречувал полициските службеници во извршувањето на службените дејствија“, информира МВР.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.