Можеби мачките ги бркаат глувците, но исто така превенираат развој на астма кај новородени бебиња, покажа нова студија од Центарот за истражување на астма во детството од Копенхаген.

Мачките го неутрализираат генот одговорен за развој на оваа болест.
Да се има маче дома кога бебето ќе се роди значи дека генот никогаш нема да се активира, пишува ScienceNordic.
Истражувањето нема да доведе до нови третмани за болеста но покажува дека гените одговорни за развој на астмата може да бидат активирани или не во зависност од околината во која живееме.
Во студијата научниците истражувале податоци за 377 дански деца чии мајки имале астма.
Резултатите покажале дека мачките го елиминираат ризикот од астма меѓу децата со специфична варијација на гените наречена ТТ, што има најголемо влијание на тоа дали детето ќе добие или нема астма.
Речиси едно од три деца во студијата имале ТТ генетска варијација, без разлика дали мајката имала или не астма.
Интересно е тоа што само мачките имаат ваква заштитна улога, додека на пример кучињата немаат.
Студијата сугерира дека мачките не штитат само од астма туку и од пневмонија и воспаленија на бронхиите.
Некои научници се скептични по однос на овие резултати па сметаат дека такво влијание може немаат самите мачки, туку бактериите и габичките што тие ги внесуваат дома.