Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не е против Корзика да биде конкретно спомената во уставот на земјата, но ги отфрли неколкуте други барања од националистите за поголема автономија на островот, објави Ројтерс.

Од вчера, Макрон е во посета на Корзика. Тој нагласи дека спомнувањето на Корзика во основниот закон би значело признавање на идентитетот на оние кои живеат на островот и поврзување со Француската Република. Тој додаде дека понатамошните разговори ќе одредат што ќе доведе до ова.