Мадона мистериозна како мадам „Х“

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Мадона стана мистериозна трансформирачка жена, Мадам X. Со новото видео што го објави на нејзината страница Инстаграм, кралицата на поп музиката најави дека ќе го објави својот нов албум.

Ова ќе биде првиот нејзин албум од 2015 година, кога го издаде “Бунтовичкото срце”. Датумот на пуштањето на нејзиниот нов музички проект сè уште не е јасен.

Мадона ја опишува Мадам X како таен агент. Таа патува по светот и постојано го менува својот идентитет – глуми како танчерка, професор, домаќинка, затвореничка, мајка, учителка, калуѓерка, светица, развратница, како и “шпионка во куќата на љубовта”.

Претходно овој месец, Мадона го прикажа омотот на новиот албум – црвениот X на црна позадина. Таа во октомври минатата година објави дека го завршила своето 14-то студиско издание.

Таа се очекува да изведе песна на претстојниот Евровизиски натпревар во Израел. Мадона им вети на фановите турнеја. Првиот албум на Мадона излезе во 1983 година.

Фото: Instagram