Пејачката Мадона, веќе е познато дека одамна е противник на политиките на Доналд Трамп, а сега има забелешка за начинот на кој ја води нацијата во време на пандемијата.
Мадона смета дека мерките кои се воведени како превенција се слаби и несоодветни и дека за кратко време ќе има многу болни, а за жал, дел од тие случаи ќе завршат со смртен исход. Таа смета дека светот треба што побрзо да најде лек за коронавирусот за да се спречи штетата која политичарите ќе ја нанесат на своите народи.
Пејачката и понатаму останува дома, изолирана, а истото го советува и на своите следбеници и обожаватели. Таа повторно гласно се изјасни против политиките на Трамп, потсетувајќи дека тој не дава шанса на луѓето да создаваат и да бидат креативини, па затоа и самата се преселила во Европа со своите деца.