Мадона: Се почувствував “силувана“

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Мадона вели дека се почувствувала “силувана” со портретот објавен од Њујорк тајмс за неа, додавајќи дека овој весник е еден од најпатријархалните, објавија американските медиуми.

Мадона ги објави своите реакции во социјалните медиуми кратко време откако “Њујорк тајмс” го објави својот портрет со наслов “Мадона на шеесет години”. Таа рече дека не ѝ се допаѓа фокусот на нејзината возраст.

Пејачката додаде дека новинарот ја напишал статијата по поминати неколку месеци со неа и бил примен во свет што многумина сакаат да го видат, а сепак се задржал на тривијалните работи околу Мадона.

“Тоа ме тера да се чувствувам силувано. И да, дозволено ми е да ја користам оваа аналогија откако бев силувана на 19-годишна возраст. Дополнителни докази дека Њујорк тајмс е еден од основачите на Патријархалноста. И велам – СМРТ НА Патријахатот, длабоко вметнат во општеството. Никогаш нема да престанам да се борам за негово искоренување “, рече пејачката.

Њујорк тајмс сè уште не ја коментира оваа тема.