Мадона тренира по неверојатни 5 часа на ден

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Поп ѕвездата Мадона тренира по 5 часа секој ден за да ја задржи својата фигура, тврди нејзиниот поранешен личен тренер Стејси Грифит. “Професионалните спортисти тренираат по цел ден. Мадона тренира по цел ден. По 5 часа секој ден, нон стоп”, рече таа во интервју за “Еј-Би-Си Студио” по повод издавањето на својата нова фитнес книга.

Минатата година, сепак актуелниот инструктор на изведувачката Крег Смит издаде дека тренинзите на 58-годишната пејачка не се толку интензивни како што сите мислат.

“Секој ден ги менуваме вежбите. Комбинирање на циклуси, интервални и отпорни вежби. Се разбира, постојат и многу танци”, рече тој за “Дејли Меил Австралија”.

Тој дополни дека “типичен” тренинг режим на Мадона започнува со базирани на танц потези за загревање, по што продолжува со вежби за горниот дел од телото. На пример 20 склекови, 80 секунди задржување на “планк“ и различни стомачни вежби. Кога завршува со тоа, таа поминува на вежби за долниот дел од телото, а потоа повторно малку за стомак, истегнување и медитација.