Лидерот на Каталун, Карлес Пукчемон , не знае каде е . Ова го изјави на прес-конференција вицепремиерот на Шпанија Сорана де Сантамария откако Каталонија соопшти дека има право да прогласи независност , но ќе го одложи, за да даде можност за организирање на преговори за случајот, информира ББЦ.

Шпанската влада ја отфрли декларацијата за независност што вчера на говорницата на каталонскиот парламент ја потпиша каталонскиот лидер Карлес Пучдемонт и воедно го отфрли повикот за посредништво во преговорите.
Вицепремиерката на Шпанија Сораја Саeнс де Сантамарија изјави дека Пучдемон не знае каде се наоѓа и каде оди, коментирајќи го потегот на каталонскиот лидер, кој веднаш по прогласувањето независност, ја суспендира оваа одлука.
-Денешниот говор на претседателот на Каталонија е говор на човек кој не знае каде се нбаоѓа, каде оди, ниту со кого сака да оди таму. Ниту г-дин Пучдемон ниту некој друг може да наметне посредништво. Откако ја донесе Каталонија до најголемите тензии во својата историја, претседателот Пучдемон сега го доведе својот автономен регион до највисокото ниво на несигурност, рече таа.
За денеска е закажана вонредна седница на шпанската влада на која ќе се разговара за одговорот на каталонската одлука.

Претседателот на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон доцна вечерва ја потпиша декларацијата за прогласување независност на Каталонија, но го одложи нејзиното стапување во сила, согласно најавата дадена во денешното обраќање пред Парламентот во Барселона.
Покрај Пуџдемон, под декларацијата се потпишаа и неговиот заменик Ориол Жункерас, претседателката на каталонскиот Парламент, Карме Форкадел и 72 пратеници од владејачкото мнозинство во Каталонија.
– Ја создаваме Република Каталонија како независна, суверена, правна, демократска и социјална држава, се наведува во текстот на декларацијата.
По церемонијата на поптишување на документот, претставник на каталонската Влада изјави дека Пуџдемон го одлага стапувањето во сила на декларацијата, за да остави простор за дијалог со Мадрид.
Според најавите, Пуџдемон ќе ја достави декларацијата на усвојување во каталонскиот Парламнет, доколку Мадрид го одбие дијалогот, како што најавуваше досега или ако евенталните преговори не резултираат со договор за надминување на кризата.
Пуџдемон вечерва пред регионалниот Парламент во Барселона изјави дека Каталонија ги почитува резултатите од референдумот одржан на 1 октомври, но предложи „суспендирање на прогласувањето независност, за во пракса да се работи на спроведување на резултатите од референдумот“ и ги поздрави повиците за дијалог со Мадрид.
– Денеска правиме гест на одговорност, заради продолжување на дијалогот, истакна Пуџдемон во обраќањето пред каталонскиот Парламент.
Во првата реакција на одлуката на Пуџдемон, шпанската Влада соопшти дека го отфрла „молчеливото“ прогласување на каталонската независност.
Во последното владино соопштение се наведува дека е „неприфатливо да се објави таква тивка независност, а потоа да се суспендира на таков експлицитен начин“.
Поддржувачите на независноста кои беа собрани пред Парламентот во Барселона го поздравија ставот на Пучдемон, но видно беа разочарани од конечниот став.
Речиси 90 отсто од гласачите на референдумот на 1 октомври ја поддржаа независноста со одѕив од 43 отсто. Гласачите кои беа против во голема мерка го бојкотираа гласањето.Националната полиција употреби сила за да го спречи одржувањето на референдумот, а светот беше сведок на сцени на исклучително насилство.
Пред обраќањето на Пучдемон влера, влијателни личности, меѓу кои градоначалникот на Барселона, Ада Колау и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, го повикаа да се откаже од прогласувањето независност.
Каталонија е еден од најбогатите региони во Шпанија, но по референдумот, многу компании објавија дека ги повлекуваат своите седишта од Каталонија, како одговор на кризата.
Европската унија јасно стави до знаење дека ако Каталонија се оддели од Шпанија, регионот ќе престане да биде дел од ЕУ.
