Мафијашки бос побегна од затвор, снимено како го извел бегството (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

Италијанскиот мафијашки бос Марко Радуано (40) побегнал од својата ќелија во затворот „Бадуе Карос“ во Сардинија, спуштајќи се со импровизирано јаже кое го направил од постелнина, соопштија властите.

Затворот „Бадуе Карос“ на Сардинија инаку има максимална безбедност. Чуварите дури два часа подоцна го забележале бегството на мафијашкиот бос бидејќи просторијата во која се наоѓаат безбедносните камери била празна и за тоа време никој не ја следел снимката. Камерите го фатија шефот на клан како се спушта по камениот ѕид користејќи импровизирана јаже направено од постелнина.

После тоа, тој скокнал на тревата и побегнал.

„Ова смело бегство од еден од најбезбедните италијански затвори се случи поради недостиг на персонал“, изјави лидерот на синдикатот Џовани Вила за Il Mesaghero, цитиран од NY Post.

По кратењето на буџетот на Италија, само 50 чувари надгледуваат 180 затвореници во овој затвор. Во овој казнено-поправен дом се сместени некои од најозлогласените криминалци и убијци.

Слични содржини