„Мафија“: Уапсени полициски службеници, ВМРО-ДПМНЕ и МВР со различни ставови за аферата со пасошите

од Берта Китинска
600 прегледи

Денеска уапсени се десетина полициски службеници кои биле дел од синџирот за фалсификување патни исправи и лични документи во големата акција на МВР во координација со Канцеларијата за истраги на Амбасадата на САД и Интерпол.

На акцијата, која сѐ уште е во тек, ѝ претходела истрага од повеќе од една година и документирање на дејствувањето на криминалната група.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обвини дека власта им издавала македонски пасоши и документи на балкански наркобосови со лажен идентитет. Тој рече дека сите докази кои ги имаат ќе им бидат дадени на обвинителство  за т.н. афера „Мафија“.

– Таков пасош издаден од МВР има и лицето Јован Вукотиќ, кој медиумите го преставуваат како водач на Шкаљарски клан, а пасошот бил на име Андонов Георги. Вукотиќ во белградскиот Суд признава дека добил македонски пасош, на туѓ идентитет. Уапсен во Анталија и испратен во Србија. Во неговиот исказ кој го води заменик јавниот обвинител јасно стои, дека тој дошол во Македонија, дал отпечаток, на патната исправа е неговата слика, и со таа патна исправа патувал Украина, Шпанија, Турција итн.Вториот Седат Бекер, кој има барање за лична карта Џаидин Амедовски, фигурира и во избирачки список, има право на глас и во Општина Чаир. Овие докумети ќе ги предадеме и на обвинителството за брза акција, изјави Мицкоски.

Од владејачката партија велат дека Мицкоски намерно пласирал информации во јавноста за да ја саботира голема полициска акција на нашите институции,

-Дали Христијан Мицкоски намерно пласираше информации во јавноста за да се саботира голема полициска акција на нашите институции, МВР и меѓународни органи со помош на нашите стратешки партнери, саботажа која не успеа?“, се вели во писмената реакција од социјалдемократите.

Тие даодаваат дека очекуваат официјални информации од надлежните институции кои како што велат од СДСМ треба да покажат дали Христијан Мицкоски одработува за криминалци.

Слични содржини