Мафини со јаболка

од desk2
871 прегледи

Вкусни, слатки, неодоливи…

СОСТОЈКИ:
3 јаболка
3 јајца
120 гр шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
270 мл јогурт
80 мл масло
270 гр брашно
прашок за печиво
1,5 лажица цимет

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Јаболката исчистете ги и изрендајте ги. На страна разматете јајца, шеќер, ванилин шеќер, јогурт, масло и во таа смеса додајте брашно, прашок за печиво и цимет. Сè добро измешајте и потоа во смесата додајте изрендани јаболка. Измешајте и полнете калап за мафини со подготвената смеса.
Печете 20 минути на 180 степени. По желба мафините послужете ги со малку слатка павлака.