Еве еден интересен и необичен рецепт за солени мафини.

Состојки
12 лица
1 чаша = 250 мл.
1/4 чаша путер, растопен и изладен, плус за премачкување на калапи
1/4 чаша пченкарно брашно
2 чаши бело брашно, плус за подмачкување на калапите
1 1/2 лажички прашок за пециво
1/2 лажичка цода бикарбона
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
3/4 чаша толчени црвени пиперки
1 1/4 сурутка(може јогурт)
1 чаша пченка шеќерец
1 јајце
1/4 чаша свеж босилек
Подготовка
Уклучете ја рерната на 190 °C.
Намачкајте ги со путер и побрашнете ги калапите за мафини.
Во поголема сад промешајте го брашното, пченкарното брашно, прашокот за пециво, сода бикарбона, сол, шеќер и истолчените црвени пиперки.
Додадете путер, сурутка(или јогурт) и јајце и добро соединете ги со миксер. Додадете ја пченката и босилекот и промешајте.
Пополнете 1/3 од калапите за мафини со смесата. Печете ги мафините околу 25-30 минути или додека не добијат фина светлозлатна боја.
Послужете со козјо сирење или сирење по желба.