Пробајте го овој рецепт и направете десерт во чии залчиња ќе уживаат сите домашни
Мафините стануваат сè попопуларни кај нас. Одлични се за секоја прилика, а овој рецепт во комбинација со портокал ќе ве остави без здив.

Потребни состојки:
Суви состојки
150 грама шеќер
исечкана кора од еден портокал
250 грама брашно
1 прашок за печиво
50 грама исечкано темно чоколадо
Течни состојки
2 јајца
75 милилитри масло
70 милилитри кисела павлака
70 милилитри млеко
сок од еден портокал
1 лажица екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Во еден сад измешајте ги сувите состојки, а во друг сад измешајте ги течните.
Ставете ги течните состојки во сувите и добро измешајте за да се соедини смесата и да не настанат грутки.
Ставете ја смесата во калапи за мафини, кои претходно сте ги обложиле со хартиени корпички.
Печете во загреана рерна на 190 степени Целзиусови 15-20 минути, додека мафините не добијат златно-кафеава боја.