Магично исчезнаа 400 амандмани на ВМРО-ДПМНE, вели Мицевски

од Берта Китинска
220 прегледи

Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“ на денешната собраниска седница посочи дека очигледно после две недели проработија тесно партиските интереси и желбите за поставување на лица подобни почнувајќи од Уставен суд, второстепени комисии, и сите оние места каде што треба да ги пополнат владејачкото мнозинство ДУИ и нивниот помал коалиционен партнер СДСМ. И тоа се со една цел да се прикријат тендерите и незаконското работење во Собранието.

„Ние во текот на вчерашниот ден за потсетување на граѓаните очекував дека претседателот да ја отвори седницата, но очигледно има некои обврски па потпретседателот тука е, и сега ќе биде да речам некоректно прашањето да го поставам на потпретседателот затоа што во текот на вчерашниот ден ние поднесовме 400 амандмани на оваа точка и затоа што ја разгледуваме по второ читање и согласно Деловникот тоа почнување односно произнесување на точката имаме можност да поднесеме амандмани. Амандманите ги поднесовме во архива согласно Деловник, а од тука натаму тековно и каде завршија амандманите немаме одговор“, нагласи Мицевски.

Мицевски рече дека ќе го бара одговорот во текот на денот од претседателот на Собранието. Бидејќи согласно Деловник дури и да се неисправни амандманите или било како, како пратеничка група треба да добие одговор. Но, очигледно немајќи можност по кој член од Деловникот да се повикаат за отфрлање на амандманите не одговараат и се ускратува можноста на опозицијата да дискутира. А, владејачкото мнозинство плашејќи се да не влезе во офсајд молчат.

Слични содржини