Мајчински совет на Меган Маркл до нејзината ќерка Лилибет, но и до сите девојчиња

од Stefanija Kuzmanovska
370 прегледи

Меган Маркл стана мајка на девојчето Лилибет во јуни 2021 година, но изгледа дека цел живот се подготвувала за оваа улога. Таа уште во 2016 година посвети објава на социјалните мрежи за одгледување и охрабрување на девојчињата, а од објавата е јасно какво воспитување применува на својата ќерка.

На својот lifestyle блог The Tig, Меган Маркл често ги споделуваше своите мисли и инспиративни цитати за да се мотивира себеси и нејзината заедница на читатели. Иако таа ги затвори сите свои профили на социјалните мрежи набргу по веридбата со принцот Хари во 2017 година, некои објави останаа незаборавни, вклучително и онаа за воспитување девојчиња.

Таа објава од април 2016 година денеска може да ја примени за воспитување на сопствената ќерка, која сигурно ќе ја охрабрува на секој чекор од нејзиното патување.

„Научете ги вашите ќерки да се грижат помалку за носењето стаклени чевли, а повеќе за кршење на стаклените плафони“, напиша таа на Инстаграм, споделувајќи инспиративна порака за зајакнување на жените и создавање свет во кој жените ги кршат поставените граници.

Меган продолжува да се грижи за положбата на жените во светот, а нејзината хуманитарна работа често ги погодува особено девојките и жените.

Пред неколку недели, Меган и Хари се приклучија на хуманитарна акција и на ученичките во училиштата низ Нигерија им испратија пакети со материјали кои им се потребни на девојчињата во деновите на менструацијата, а исто така се погрижија 2.500 девојчиња да добијат соодветна здравствена едукација за менструалниот циклус.

Слични содржини