
Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров ја прими поранешната американска боксерска легенда Мајк Тајсон во Грозни, соопшти самиот тој на својот Инстаграм профил.
Двајцата се пријатели од пред десет години, кога боксерот за првпат гостуваше во чеченскиот главен град.
„Иако Мајк Тајсон ја прекина боксерската кариера, тој продолжува да ужива голема популарност и почит во целиот свет. Ние изразивме уверување дека нашата дружба ќе добие нова енергија и продолжение,“ напиша Кадиров.
Тој раскажа и за средбата со чеченски млади на стадионот во Гудермес каде шефот на Челенија раскажал како се заљубил во боксот, гледајќи кон Мајк Тајсон. Тој додаде и дека Тајсон го прифатилисламот. Неодамна на иницијатива на Кадиров во Грозни еден булевар го добил името „Мухамед Али“.