Мајка и ќерка ќе отпатуваат во вселената оваа недела, местата ги освоиле на ждрепка

од Stefanija Kuzmanovska

Осумнаесетгодишна студентка на универзитетот Абердин и нејзината мајка ќе отпатуваат во вселената оваа недела, откако на лотарија освоија место на вториот комерцијален лет на Virgin Galactica.

Анастатија Мајерс и нејзината мајка Кеиша Шахаф ќе бидат првите мајка и ќерка кои летаат во вселената. Тие, исто така, ќе бидат првите луѓе од Карибите кои ќе го направат патувањето. Леталото ќе полета од Ново Мексико во четврток.

Кејша била на пат за Обединетото Кралство за да ѝ договори виза за студирање на нејзината ќерка во Британија, а на летот од Антигва до Лондон го видела огласот.

„Ја пополнив наградната ждрепка и потоа, неколку месеци подоцна, добивам писма во кои пишува ‘вие сте меѓу најдобрите 20 финалисти’, потоа меѓу првите пет и на крајот дека јас сум победничка“, вели таа.

 

„Одеднаш, кој влегува во мојот двор? Ричард Бренсон. Целиот тим само упадна во мојата куќа велејќи: Ти си победничка, ќе одиш во вселената“.

Мисијата, наречена Galactic 02, е втор комерцијален вселенски лет на Virgin Galactica и прв со клиенти кои плаќаат. Огласената цена е 450.000 долари.

Мисијата Galactic 01 беше спроведена во јуни и достигна височина од 85 километри. Се смета дека втората мисија ќе се обиде да го следи истиот пат.

Анастатија, која ќе биде втората најмлада личност која ќе отиде во вселената, вели дека се надева дека може да го искористи искуството за да ги инспирира другите.

Слични содржини