Таблоидите во Англија открија денес дека играчот на Арсенал Ејнсли Мејтланд-Најлс е во ужасни односи со мајка си Џулс Најлс. Младинскиот репрезентативец на Англија не се интересира за тоа што се случува со неговиот родител, откако жолтите весници на Островот открија денеска дека таа живее во контејнер.
Соодветните контејнери се користат за складирање на предмети и експлицитно се забранува да се живее таму. Сепак, поради објавата на таблоидите, Џулс се очекува да биде протерана и од таму до 48 часа.
„Ејнсли игра во Арсенал, но не ми се јавил со години. Големиот мој син исто така, и знам дека и сега нема да го сторат тоа. Со плати за две недели Ејнсли може да ми купи стан, за да не живеам на улица, но тој не сака“, открива мајката.
Двајцата не зборуваат веќе неколку години, откако Џулс си дозволила да го навреди шефот на фудбалската академија на „топџиите“, а подоцна и да го опцуе неговиот менаџер во Ипсвич каде Англичанецот играше на заем.