143
Охриѓанка го напуштила своето 11-годишно неподвижно дете и го оставило само во куќата каде што живееле, без храна и без надзор, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
Според информациите на СВР-Охрид, вчера во полициска станица телефонски било дојавено дека 39-годишната С.В. од Охрид, во својот дом на улицата Питу Гули, без никаква грижа, храна и надзор, го оставила својот 11-годишен неподвижен син.
Како што велат оттаму, Центарот за социјални грижи и Црвениот крст од Охрид веќе преземаат мерки за пронаоѓање на згрижувачко семејство, а на детето му е дадена соодветна помош.