
Од медицинскиот тим објаснуваат дека породувањето не било предизвикано и Холи ги родила близнаците по природен пат
Двајцата велат дека имале чувство дека момчињата ќе ги изненадат, но не и по начинот на кој тоа го направиле. “Па Сојр се роди во 10 до 12 . Еверет сепак се покажа инатлив и се појави на виделина минута по полноќ”, вели Брендон Шеј. Така, браќата близнаци се раѓаат во две различни години, иако се со разлика неколку минути. Сојр тежи 2 кг и 400 грама, а Еверет малку над 2 килограми. Браќата и нивната мајка се во одлична здравствена состојба, објави БНТ. 
“Ксметлика сум што успеав да ги изнесам и тие се родија сосема навреме”, признава Холи Шеј. Од медицинскиот тим објаснуваат дека породувањето не било предизвикано и Холи ги родила близнаците по природен пат. Портпаролката на болницата, која исто така е мајка на близнаци, појасни дека сите се исклучително среќни за пречеканите бебиња на Шеј.
Иако не им е првпат – Брендон и Шеј имаат уште две деца, на 4 и 13 години, среќата и возбудата им се огромни. “Тие ќе бидат неверојатни! Дефинитивно … тие веќе ги нарушија правилата и кај нас и на светот”, вели Брендон Шеј.
