Мајката на исчезнатата Вања: Полицијата не пронајде ништо во компјутерот, последно е регистрирана кај „Броз кафе“

од Nikola Popovski
880 прегледи

Мајката на исчезнатата 14-годишна Вања Ѓорѓевска информира дека полицијата е максимално ангажирана за пронаоѓање на нејзината ќерка. Како што појасни таа, сите инспектори се вклучени и синоќа била до 3 часот во полициската станица во Центар каде активно се работело на пронаоѓање на Вања.

Ѓорчевска за „Макфакс“ појаснува дека и таа и полицијата го прегледувале нејзиниот компјутер, но дека не пронашле ништо.

Според неа, роднини се вклучени во потрагата, како и родителите на соучениците, а од околните камери не можело да се забележи ништо бидејќи немаат поширок спектар и гледаат само блиску до фирмите и објектите.

-Јас веднаш ја побарав но беше недостапна, телефонот и беше исклучен. Проверив на „Гугл Мапс“ и видов дека последно е регистрирана во близина на „Броз кафе“ на Партизанска“, појаснила Зорица Ѓорчевска.

Речиси целата јавноста е на нозе од вчера. Од полицијата истакнуваат дека за решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн.

Апелираат да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката.

Слични содржини