Крис Џенер конечно ја прекина нејзината тишина, по грабежот на Ким Кардашијан.

60-годишната мајка-менаџер, чија ќерка беше извлечена од креветот, врзана и ограбена, сподели порака на социјалните медуми.
“Секое утро е потсетник за тоа колку сме благословени. Денес јас сум благодарна за моето семејство, кое го сакам повеќе отколку што може да се искаже со зборови. Броите ги вашите благослови, секогаш бидете благодарни и негувајте го секој момент, поминат со вашите сакани” напиша таа.

Крис ја сподели криптичната порака која укажува на нападот врз Ким, во кој таа беше ограбена под закана со оружје.
Се уште не се направени апсења, но според деталите од истрагата, разбојниците биле 5 средовечни мажи со “европски изглед”. Во меѓувреме Ким се врати во нејзиниот дом во Лос Анџелес заедно со нејзиното семејство, повлекувајќи се од социјалните медиуми и од очите на јавноста поради нејзина лична безбедност.