Мајката на починатото новороденче од Битола: Удирајќи ме во стомакот насилно ми го извадивте бебето!

од Nikola Popovski
292 прегледи

Мајката на бебето кое почина во Битолската клиничка болница обвинува за пропусти при породувањето и лекарска грешка.

Таа на Фејсбук напиша дека бебето не ѝ починало во стомакот, ниту било извадено со вистински вакуум. Откако иѝ пукнал водењакот, објаснува дека два часа молела да ѝ биде извршен царски рез, но докторите одбивале да извршат ваква интервенција велејќи дека нема време оти бебето е заглавено во канал.

Мајката меѓу другото тврди дека бебето ѝ било насила извадено, докторите ја удирале по стомакот и дека сè уште има модрици по стомакот.

Исто така посочи дека нема да се откаже се додека виновниците не сносат одговорност.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат пред неколку дена го објави извештајот со вонредниот инспекциски надзор во Битолската болница.

-По препораката за прием заради отпочнато породување, со оглед на утврдената состојба при извршениот преглед, констатирано е дека за неа веќе е отворена историја на болест. Пациентката е примена во предродилна сала, направен е ЦТГ запис во 15.00 часот и извршено е породување по природен пат со употреба на вакум екстрактор при излез. Дежурните лекари во наредната смена изјавуваат дека при примопредавањето на дежурството не им било пренесено дека за пациентката В.К претходно е отворена историја на болест и извршен прием на одделението, ниту пак во рапортната тетратка на докторите или медицинските сестри е евидентиран приемот на истата во ноќните часови.

Докторите специјалисти кој учествувале во лекувањето и третманот на пациентката и новороденото имаат лиценци за работа кои се во рок на важност, а за константираните недостатоци од страна на ДСЗИ ќе бидат изречени прекршочни мерки за д-р М. В, за правното лице и за одговорното лице во правното лице врз основа на чл.48-а ст.1 т.1 и 2 и ст.2 и 3, а во врска со чл.6 од Законот за евиденции во областа на здравството.

За д-р М. В ќе биде изречена и прекршочна мерка по чл.313 ст.1 т.2 од Законот за здравствена заштита, се истакнува во извештајот на ДСЗИ.

Слични содржини