Мајкл Кејн изгуби надеж дека ќе го победи ракот

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Кинолегендата сер Мајкл Кејн изгуби верба дека ќе го победи ракот.

“Знам дека моите денови се изброени и тоа ме загрижува.” Се исповеда неодамна 84- годишниот актер. Единствената желба е да ги види своите внуци како растат. Децата се близнаци на 6 години и момченце на 7.

“Сакам да го видам момчето како ми полни 17”, се понадева ѕвездата од “Младост”.

Носителот на 2 награди “Оскар” се потпира на неговата сопруга Шакира во овие тешки моменти. “Без неа јас одамна да сум мртов. Претходно пиев по шише вотка дневно и завршував по неколку кутии цигари”, откри пред некое време британската ѕвезда.

Двајцата се заедно 44 години. Тој има претходен брак со актерката Патриција Хејнс, кој трае само 7 години. Од неа има син Доминик, а од Шакира – ќерка Наташа.